Франција покренува истрага против Кристин Лагард

27.08.2014 14:53

Франција отвори официјална истрага против директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, поради нејзината наводна улога во корупциска афера во времето додека беше француски минситер за фининансии во 2008 ма година.

Лагард вчера по четврти пат беше сослушувана во врска со случајот со францускиот тајкун Бернард Тапи, кој што во 2008 ма година добил рекордна компензација од 403 милиони долари на основа на арбитражна одлука во спорот меѓу Тапи и државната банка Креди лионе.

Лагард е осомничена за немарливост во арбитражната постапка, која што француските медиуми ја нарекоа продажба во корист на бизнисменот.