СДСМ во Скопје
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, ја претстави својата визија за развој на главниот град, со акцент на комуналната хигиена, управувањето и третманот на урбаниот отпад, како и потребата од нови возила и опрема за овие намени. Во меѓувреме, кандидатот за градоначалник од СДСМ за Општина Центар, Горан Герасимовски, ги презентираше своите планови за развој на центар во следните четири години, најавувајќи конкретни решенија за локалната заедница …

Ние ќе водиме позитивна кампања, ќе ги промовираме сите позитивни работи, проекти коишто се имплементирани од страна на нашите градоначалници, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче при посетата во ПОЦ-центар. СДСМ и коалициските партнери повторно ја преземаат обврската да бидат двигатели на слободата, правдата и еднаквоста, но и гаранти за европската иднина на државата.“ Затоа денеска нашите граѓани и нашата држава се пред историски одлуки. Пред нас е нова битка за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија.“, изјави Филипче.
Филипче демантира дека има коалиција со ДУИ или со Левица. Меѓутоа се согласува со премиерот дека граѓаните имаат две опции. Како што потенцира претседателот на СДСМ, едната е напредна, проевропска опција, којашто нуди чесни, добри кадри, коишто покажаа како се работи за доброто на граѓаните, а тоа е СДСМ, а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ, коишто се служат со лажни кампањи, со лаги, со клевети, што се докажаа дека се неработници по тоа што дека го блокираа и го запустија градот Скопје, изјави Филипче.
Кандидатката за градоначалничка на Скопје ја презентираше визијата за развој на Скопје во делот на комуналната хигиена, управувањето со складирањето и третманот на урбаниот отпад, а ја посочи потребата и од набавка на возила и опрема за оваа намена.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Центар, Горан Герасимовски пак ги презентираше плановите за развој на Општина Центар во наредните четири години.
Игор Панов
