Втор ден предизборна кампања
Втор ден предизборна кампања, прашањето исто, дали ќе победат визиите за локален развој или старите навики на клиентелизам и лични ветувања?...

Партиските карвани и независните, тргнаа по гласовите на граѓаните. Втор ден предизборна кампања, прашањето исто, дали ќе победат визиите за локален развој или старите навики на клиентелизам и лични ветувања?
Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска централниот митинг ќе го одржи во Штип. Претходно средби со граѓани во Лозово, Карбинци и во Пробиштип. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“.
Денеска митинзи во Вевчани, Струга и во Ресен. „Вреди“ ја почнува кампањата од Скопје, а Национална алијанса за интегритет преку средби со граѓани и прес конференции ќе ја претставува својата програма. На терен и независните кандидати.
