Зеленски: Русија бележи загуби на фронтот, потребен е поголем притисок
Зеленски вели дека Русија бележи загуби на фронтот и побара уште поголем притисок врз Москва. Путин потпиша указ за регрутација, од утре до 31 декември, 135 илјади лица од 18 до 30 години ќе бидат повикани на воена служба.

Украинските сили ослободиле повеќе од 174 квадратни километри од почетокот на контраофанзивната операција во Доњецк. Зеленски вели дека Русија бележи загуби на фронтот и побара уште поголем притисок врз Москва. Путин потпиша указ за регрутација, од утре до 31 декември, 135 илјади лица од 18 до 30 години ќе бидат повикани на воена служба.
„Санкциите против Русија се важни, го очекуваме 19-тиот пакет. Исто така, потребна ни е поддршка во одбраната и изградба на заедничка одбрана на источниот крило на Европа од руски беспилотни летала и ракети. Голема поддршка би можела да биде и ограничувањето на деструктивната активност на Русија на море. Ако танкерите што ги користи Русија навистина се користат за лансирање беспилотни летала што ја вознемируваат Европа, тогаш очигледно е време да се затвори Балтичкото Море и другите мориња за овие танкери“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Претходно САД објавија дека го разгледуваат барањето на Украина за испорака на ракети „Томахавк“. Конечната одлука е на претседателот Трамп.
