Обединети нации

Бербок: Мора да направиме повеќе за крај на насилствата и војните во светот

30.09.2025 10:47

Годишното собрание во Обединетите нации на едни место ги собра лидерите од 189 земји-членки, вклучувајќи 124 шефови на држави и влади.

Заврши Генерално собрание во Њујорк. Во завршните зборови, претседателката Бербок истакна дека државите мора да сторат повеќе за крај на насилствата и војните во светот.

„Земјите-членки мора да сторат повеќе за да го запрат бранот војна и насилство, да ги заштитат и нахранат гладните цивили во Газа, да го вратат мирот во Украина, да ги заштитат жените во Судан. Оваа организација е толку силна колку што е силна нашата колективна волја да ги почитуваме принципите на нашата повелба и меѓународното право. И кога го правиме тоа, следува напредок“, изјави Аналена Бербок, претседателка на Генералното собрание на ООН.

Годишното собрание во Обединетите нации на едни место ги собра лидерите од 189 земји-членки, вклучувајќи 124 шефови на држави и влади.