Здравство

Македонија ќе добие „Слободна здравствена зона“

27.08.2014 14:54

Министерството за здравство изготви предлог закон за формирање Слободна здравствена зона- проект предвиден да се реализира до 2017 година. Целта е привлекување на странски капитал за воведување на нови здравени методи и постапки, зголемување на конкурентноста и вработувањето како и зголемување на квалитетот на високо образовната понуда од областа на медицината. Здравствените услуги во зоната нема да бидат достапни за граѓаните на Македонија и Косово во првите 10 години, се со цел да не се наруши конкурентноста.

„Здравствените зони се прават со цел здравствен туризам, да се привлечат странци кои ќе се лекуваат во Македонија. Основна обврска на овие здравствени установи е да има склучено договор со странски фонд за да се лекуваат државјаните на тој фонд во Република Македонија. Има обврска да воведе нови методи и нови технологии коишто не се користат во Република Македонија. Во сегментот на методите кои воопшто ги нема во Република Македониија и за кои испраќаме пациенти во странство, во тој случај ќе може да се користат услугите од зоната“, рече министерот за здравство, Никола Тодоров.