АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

30.09.2025 08:59

На 29.09.2005 од 13:40 кај бензиска пумпа Дизел е отпочнато пренасочување на товарен сообраќај поради зголемена фреквенција на ТМВ на ГП Долно Блаце.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.

На 29.09.2005 од 13:40 кај бензиска пумпа Дизел е отпочнато пренасочување на товарен сообраќај поради зголемена фреквенција на ТМВ на ГП Долно Блаце.

АМСМ препорачува адаптирана брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.