САД

Администрацијата на Трамп бара да се распоредат војници и во Илиноис

30.09.2025 11:18

Портланд е четвртиот град, по Лос Анџелес, Вашингтон и Мемфис, каде што американскиот претседател ја распореди националната гарда.

Администрацијата на американскиот претседател побарала од Пентагон да испрати 100 американски војници во Илиноис, соопшти гувернерот на државата. Градоначалникот на Чикаго, потпиша извршна наредба за спротивставување на претседателот. И властите во Орегон поднесоа тужба за да го спречат распоредувањето на американските трупи во северозападниот град Портланд, само еден ден откако претседателот Трамп ја нареди мерката.

Портланд е четвртиот град, по Лос Анџелес, Вашингтон и Мемфис, каде што американскиот претседател ја распореди националната гарда.

Шефот на Белата Куќа смета дека распоредувањето на трупи е неопходно за да се спречи криминалот и протестите против кампањата за масовни депортации.