Свет

Жртви во напад со автомобил-бомба во Пакистан

30.09.2025 15:49

Според покраинскиот министер за здравство бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми.

Најмалку осум лица загинаа во напад со автомобил-бомба пред седиштето на пакистанските паравоени безбедносни сили во југозападниот град Квета, во Белуџистан.

Според покраинскиот министер за здравство бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми.

На нападот му претходела престрелка со војниците. Властите, за нападот ги обвинија милитантите.

Ниту една група не ја презеде одговорноста.