МВР

Приведени 60 лица за подметнување пожари

30.09.2025 14:49

Регистрирани се вкупно две илјади и 80 пожари на отворен простор, при што приведени се 60 лица. По преземените мерки, поднесени се 36 кривични пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од 1 април до 29 септември годинава, регистрирани се вкупно две илјади и 80 пожари на отворен простор, при што приведени се 60 лица. По преземените мерки, поднесени се 36 кривични пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најголемиот број од пожарите биле предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви, а полициските служби преземаат активности за расчистување на случаите и утврдување на евентуална меѓусебна поврзаност. По одлуката за забрана за движење во шуми, без писмено одобрение, до вчера биле затекнати 27 лица, против кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

За рана превенција од пожари, полицијата користи и дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.

Со воведувањето на овие оперативни мерки, зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители, соопшти МВР.