Македонија
17 затруени ученици од штипската сендвичарница, четворица хоспитализирани
30.09.2025 13:13
Се зголемува бројот на затруени со храна од штипската сендвичарница. Досега се регистрирани 17 случаи, а четворица се хоспитализирани...

Се зголемува бројот на затруени со храна од штипската сендвичарница. Досега се регистрирани 17 случаи, а четворица се хоспитализирани. Се очекуваат резултатите од лабораториските анализи од земените брисови од работните површини во објектот.
АХВ во неделата информираше дека привремено е затворена киоск-сендвичарница во Штип откако пет лица пројавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек.
Од Штип известува Славица Величковска
