Локални избори 2025

Кандидатот Зејд од НАИ ја претстави програмата

30.09.2025 18:17

Целосен увид на граѓаните за тоа каде се трошат јавните пари во градот и какви тендери се склучуваат ветува кандидатот за градоначалник на Скопје, Скендер Реџепи – Зејд од Националната алијанса за интеграција. При претставување на програмата рече дека јавниот превоз веќе нема да биде главоболка за скопјани бидејќи тој ќе овозможи и приватните превозници да имаат електрични возила. Во фокусот на неговата програма и зелената агенда...

Скопје – чисто, дигитализирано, зелено, модерно, кое ќе се развива подеднакво во сите општини, ветува кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Скендер Реџепи – Зејд од Националната алијанса за интеграција. Вели, граѓаните со еден клик ќе можат да ги добиваат потребните документи и да плаќаат данок. За јавниот транспорт ќе се направи соодветна апликација во реално време да се знае распоредот на возење.

Во сите населени места ќе има сензори за вода, паркинг, сообраќај, воздух, рече Реџепи, во фокусот и зелената агенда како засадување 100 илјади дрвја со цел да се зголеми зеленилото во градот, како и унапредувањето на рециклирањето на отпадот.

Фиљана Кока