Регионално активирање
Денеска почнува 4-тата сезона во региналната ракометна лига. Од година в година се посериозна, а тоа го потврдува вклучувањето во неа на тим како Веспрем, кој патем ќе ја има премиерата на новото издание. Без Ловќен ќе биде лигата сезонава кој поради неисполнување на условите не може да биде дел од ова друштво. Бројот на тимови и натаму е 10.
Онаму каде беше завршницата и промовиран наш Вардар за освојувач на третото СЕХА издание, или за црвено-црните втор пехар, Нови Сад, таму вечерва во 19.30 ќе биде означен стартот на сезоната 2014-2015, со дуелот Војводина-Веспрем.

Нашите тимови своето сефте ќе го направат, Металург в сабота во арената Борис Трајковски против Татран Прешов. Ова за металурзите ќе биде 4-то учество во ова натпреварување, како и за Вардар, кој ден потоа ќе гостува во Нови Сад кај Војводина. Инаку, нашите два тима своето СЕХА соочување ќе го имаат на 6-ти септември.
Македонската телевизија и сезонава ќе биде верен подржувач на СЕХА случувањата, почнувајќи веќе од сабота со преносот на прва во 20.15 од пресметката Металург-Татран.