Локални избори

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

30.09.2025 17:27

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на митинзи во струшко и во преспанскиот регион, средби со граѓани во Вевчани, митинзи во Струга и во Ресен. Кампањата ја почнаа од Скопје. Кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски, вети реални и остварливи решенија за сите проблеми со кои се соочува главниот град, почнавме и заздравување во сите сфери, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Стојам пред вас, не само како кандидат за градоначалник на Скопје, туку пред сè како човек, кој секојдневно ги споделува истите проблеми со сите вас, го дише истиот загаден воздух, заглавува во истиот сообраќаен метеж, ги чувствувам заедничките проблеми со депониите, истакна кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, на митингот во главниот град.

Освен проблемите, вели тој, заеднички ни е и сонот за подобро и достоинствено Скопје. Зборувајќи за досега сработеното како прв човек на Општина Кисела Вода, Ѓеоргиевски се осврна на изградбата и реконструкцијата на улиците, училиштата, градинките, парковите, спортските сали, пазарите, на киносалата и на дигитализација на услугите. Со визија, работа и посветеност, стигнавме до успех и од Кисела Вода направивме општина за пример, рече кандидатот Ѓеорѓиевски.

Ова не се само уште едни обични локални избори, на овие избори се носи одлука за тоа каква Македонија сакаме да имаме и каква Македонија сакаме да изградиме, истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во својот на говор тој додаде, има такви кои живеат од татковината, но не има и нас, народот, кои живееме за татковината.

„Една мала тесна клика, која ги направи сите неморални поврзувања и коалиции и која сака да ја види Македонија понижена, уценета и на колена, е подготвена на се, само за да дојде на власт, и тоа не треба да го дозволиме“, рече Мицкоски во говорот во Скопје.

На политичките противници и како што ги нарече тајните коалиции на ДУИ и Левица, Мицкоски им кажа дека ќе бидат поразени. Тој, предлог-резолуцијата на СДСМ за црвените линии со Бугарија, ја оцени како ново додворување на опозициската партија кон Бугарите, а на штета на Македонија.

„Тоа нема да го дозволам и нема да донесам штетна одлука за Македонија по ниту една цена“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Тој во говорот, изрази и незадоволство од функционирањето на правосудството, оценувајќи го како упориште на неправдите.

На митингот беа претставени кандидатите за градоначалници, а коалицијата очекува победа на локалните избори.

 

Марија Котовска