Рочиште против поранешната претседателка на ДКСК, Димитровска
Во Кривичниот суд поранешната директорка на Антикорупциска, Татјана Димитровска седна на обвинителната клупа, ѝ се суди за оддавање на службена тајна…

Почна судењето на екс-претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, ѝ се суди за оддавање на службена тајна, односно дека на обвинет во „Адитив“ му давала информации од финансиски истраги, но и за компјутерски криминал, бидејќи колега ревизор, за неа го полагал тестот за државна тајна. Бранителот на Димитровска вели дека информациите биле јавни и некласифицирани.
Обвинителот смета поинаку. Одбраната има право да има своја теорија, но Обвинителството располага со цврсти докази за да ја докаже вината на обвинетите.
При крај е и анализата на податоците извадени од телефонот на Димитровска. Се работи за околу 250.000 електронски записи.
Миле А. Ристески
