Куманово град на инклузија, ветуваат од советничката листа на ЗНАМ
Куманово град на инклузија и поддршка на социјално загрозените и лицата со попреченост, ветуваат од советничката листа на ЗНАМ. Најавија подобрување на пристапната инфраструктура и достапност до институциите …

„Куманово да биде пример за еднаквост и инклузија, каде што секој човек без оглед на разликите ќе биде прифатен“, ветува носителката на советничката листа од ЗНАМ. Ѓорѓиевска потенцира дека ќе се залагаат за инклузивност, подобрување на пристапната инфраструктура. Поддршка за здруженија, мерки за социјално загрозените и лицата со посебни потреби.
„Предвидуваме создавање на услови за целодневен престој за деца со посебни потреби во училиштата, нова спортска сала приспособена за лица со посебни потреби, инклузивен концепт, пристапни веб страници, културни спортски содржини, јавни простории и услуги без бариери. Пристапни рампи и санитарни јазли во сите училишта, адаптирани тротоари за непречено движење на лица со посебни потреби“, истакна Ивана Ѓорѓиевска, носителка на советничка листа на ЗНАМ Куманово.
Од ЗНАМ ветуваат и пристапност до институциите и установите.
„Вклучување пристапни автобуси со звучни апарати во јавниот превоз, пристапност до културни и спортски објекти од јавен интерес, поддршка за центри за социјализација и психолошка поддршка на лица со посебни потреби за нивните семејства, шелтер и советувалиште за жртви на семејно насилство, поддршка на програма за ресоцијализација за маргинализираните групи на луѓе, бесплатни активности за деца од социјално загрозени семејства“, дополни таа.
Ќе продолжат мерките народна кујна и општинско корисна работа.
Елена Георгиевска
