Левица на директни средби со граѓаните
Кандидатите за градоначалник и за советници своите програми ќе ги презентираат директно пред граѓаните. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ вели дека доколку ја добие довербата, прв чекор ќе биде решавање на проблемите на работниците и загадувањето …

Функционален јавен превоз, борба против загадувањето и против приватизацијата на Јавните претпријатија во топ петте приоритети на кандидатот за градоначалник на Левица Амар Мециновиќ. Уверува дека доколку од страна на граѓаните им биде доверен мандатот во Градот Скопје, на позицијата градоначалник прво нешто што ќе направат, како што вели ќе се симнат кај работниците од Јавните претпријатија да разговараат за условите во кои тие работат, бидејќи претпријатијата се запуштени со цел да се оправда нивното приватизирање – оценува Мециновиж.
Со оглед на како што рече им е укинато финансирањето на изборната кампања, наместо големи митинзи, тие секојдневно ќе бидат во директен контакт со граѓаните. Во меѓувреме велат за одлуката на АВМУ и ДИК известени се сите релевантни институции вклучително и Европската комисија.
Марина Стојанова-Тонева
