Вељановски со јавна опомена до пратениците кои учествуваа во вчерашниот инцидент
По вчерашниот инцидент во парламентот кога се степаа пратеници на ДПА и на ДУИ. Партијата на Тачи го напушти Собранието, а избраниците на Ахмети бараа да се формира анкетна комисија која ќе ја утврди одговорноста. Спикерот Трајко Вељановски реагираше и јавно ги опомена пратениците.

„Поради инцидентот за денеска свикав и се одржа адхок координација на која врз основа на Член 43 став 4 од Законот за Собрание е донесена следната мерка: Јавна опомена за пратениците кои го предизвикаа и учествуваа во овој немил инцидент. Колеги пратеници уште еднаш сакам да апелирам дека само преку почитвањето на културата на дијалог и моќта на аргументите ожеме најдобро и најефикасно да ги артикулираме интересите и потребите на нашите избирачи кои ни го доделиле мандато“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.