Македонија

УХМР: До петок дожд и снег на повисоките места, за викендот стабилизирање на времето

01.10.2025 13:47

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни, информираат од УХМР. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m2, а локално и над 50 l/m2.

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира снежна покривка. Температурата на воздухот значително ќе опадне.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.