САД

САД: Владата прекина со работа, се закануваат отпуштања

01.10.2025 08:27

Американската влада официјално прекина со работа поради неуспех на конгресот да усвои буџет, првпат по 7 година. Илјадници вработени се испратени на неплатен одмор, а основните служби функционираат со минимален капацитет...

Демократите во Сенатот гласаа против републиканскиот закон за продолжување на финансирањето на владата. Американската влада официјално прекина со работа поради неуспех на конгресот да усвои буџет, првпат по 7 година. Илјадници вработени се испратени на неплатен одмор, а основните служби функционираат со минимален капацитет.

„Републиканците ја туркаат Америка во блокада, отфрлајќи ги двопартиските разговори, туркајќи партиски закон и ризикувајќи ја здравствената заштита на Америка“, изјави Чак Шумер, демократ, лидер на малцинството во сенатот.

Секторите најзасегнати од прекинот на работат вклучуваат транспортот. Федералната управа за воздухопловство ќе отпушти над 11.000 вработени, додека контролорите на летање и голем дел од службите за безбедност на патишта треба да продолжат работа без парични надоместоци. Владините службеници кои се сметаат за несуштински се привремено ставени на неплатен одмор.