Филипини
Земјотрес од 6,9 степени по Рихтер на Филипините, над 60 загинати
01.10.2025 11:45
Регистрирани над 60 загинати, а повеќе од 140 се повредени. Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека спасувачите ги пребаруваат урнатините на зградите...

Расте бројот на жртви по разорниот земјотрес од 6,9 степени по Рихтер на Филипините. Регистрирани над 60 загинати, а повеќе од 140 се повредени. Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека спасувачите ги пребаруваат урнатините на зградите. Потресот на брегот на градот Бого во покраината Себу предизвика прекини во електричната енергија и уривање на згради, вклучувајќи и црква стара повеќе од 100 години.
Провинцијата Себу, една од најпопуларните туристички дестинации на Филипините, е дом на 3,4 милиони луѓе.
