БЛИСКИ ИСТОК

Планот за мир презентиран пред кабинетот на Израел

01.10.2025 09:30

За планот од 20 точки за прекин на војната и воспоставување повоена управа во Газа се очекува одговор од Хамас...

Израелскиот премиер изјави дека ќе им достави подетален извештај на членовите на неговата влада и кабинетот откако тој и американскиот претседател Трамп се согласија за план за прекин на војната во Газа.

„Во Вашингтон се согласив со претседателот Трамп за план за ослободување на сите наши заложници и постигнување на сите воени цели што ги поставивме. Ќе обезбедам подетален извештај и за членовите на Владата и за членовите на кабинетот“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

За планот од 20 точки за прекин на војната и воспоставување повоена управа во Газа се очекува одговор од Хамас.