Нуклеарната централа Запорожје, седум дена без струја
Надворешното напојување на најголемата централа во Европа е прекинато повеќе од седум дена поради руско гранатирање и се снабдува со електрична енергија од дизел генератори.

Украинскиот претседател вели дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е критична. Надворешното напојување на најголемата централа во Европа е прекинато повеќе од седум дена поради руско гранатирање и се снабдува со електрична енергија од дизел генератори.
„Генераторите и централата никогаш не работеле во овој режим толку долго, а веќе имаме информации дека еден од генераторите откажал. Русите се тие што спречуваат поправка на електричните водови до централата и враќање на основната безбедност преку гранатирање. А ова е закана апсолутно за сите“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Нападите продолжуваат. Најмалку 10 лица беа повредени во напад со руски дрон врз украинскиот град Днепар.
