Ливерпул загуби од Галатасарај, втори победи за Баерн, Интер и Реал
Галатасарај го доби својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и е на 18-то место со три бода. Ливерпул, со ист број бодови, е на 16-то место.
Галатасарај синоќа во Истанбул го победи Ливерпул со 1:0 во второто коло од Лигата на шампионите.
Виктор Осимен го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 16-та минута.
Галатасарај го доби својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и е на 18-то место со три бода. Ливерпул, со ист број бодови, е на 16-то место.
Во третото коло од Лигата на шампионите, Галатасарај ќе биде домаќин на Боде-Глимт на 22 октомври, додека Ливерпул ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт истиот ден.
Втори победи забележаа Баерн Минхен (против Пафос 5:1), Интер (над Славија 3:0) и Реал Мадрид (против Каират 5:0) за максимални шест бода по двете стартни кола во елитната фудбалска лига.
Фото/ Извор: МИА
