Култура

Изложба „Beyond yesterday“ во Мала Станица

01.10.2025 10:42

Амбасадата на Романија и Државниот архив на Република Северна Македонија се организатори на овој настан во рамките на прославувањето 30 години дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Романија.

Денеска во НУ Национална галерија Мала станица свечено ќе биде отворена изложбата „Beyond yesterday“, авторско дело на реномираниот антрополог и професор на Универзитетот во Букурешт, Романија, д-р Каталин Д. Константин.

Амбасадата на Романија и Државниот архив на Република Северна Македонија се организатори на овој настан во рамките на прославувањето 30 години дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Романија.

Сите граѓани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата до крајот на октомври.