Сцена

Концерт на Националниот џез оркестар со гитарскиот виртуоз Курт Роузенвинкел

01.10.2025 09:08

Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет под диригентската палка на маестро Владимир Николов.

Гитарскиот виртуоз Курт Роузенвинкел вечерва во 20 часот ќе настапи во Скопје како гостин на Националниот џез оркестар. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет под диригентската палка на маестро Владимир Николов.

Веќе три децении Роузенвинкел ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991-ва година, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот.

Неговата музика остава неизбришлив белег во историјата на гитарската уметност, а неговите живи настапи пленат со виртуозност и емоција. Фановите често велат дека „ја оживува гитарата на начин што остава без здив“.