МВР
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице
01.10.2025 09:42
Вчера во 17:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(34) од Радовиш...

Вчера во 17:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(34) од Радовиш, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
