Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани, Струга и Ресен
Една од картите на кои игра опозицијата, СДСМ и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство. Многу е јасно зошто се кријат зад правосудниот систем. Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност, рече Мицковски синоќа во Струга. На Македонија и треба коалиција за работа и иднина. На овие избори одлучува народот, заедно продолжуваме со јасна визија и цврста решеност за подобра иднина, велат од ВМРО ДПМНЕ, од каде ги повикаа гласачите да им дадат масовна поддршка.

На овие локални избори Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа пред стружани.
Тој рече, лидерот на опозициската партија Филипче, ја злоупотребувал големата трагедија во Кочани, воедно го обвини за ново предавство со т.н. „црвени линии“ со Бугарија. Една од картите на кои игра опозицијата, СДСМ и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство. Многу е јасно зошто се кријат зад правосудниот систем. Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност, рече Мицкоски.
„Од месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки. Нема ниту еден случај во институциите коишто сме го предложиле, обезбедиле со докази, а да заврши со обвинителен акт за кој било поранешен висок функционер. А случаи има колку сакаш, само недостасува волја. И со оваа корупција за којашто сега зборувам, имам намера посебно да се занимавам после локалните избори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Програмата на ВМРО ДПМНЕ за следните 4 години ветува многу работа, проекти, инвестиции, визија и идеи за развој и просперитет. Кандидатот за градоначалник на Вевчани, Спасе Кочоски рече во изминатите четири ветил чесна работа, која гордо ја оправдал.
„За иднина во која младите остануваат тука во која секој жител се чувствува сигурен, перспективен и достоинствен. Затоа денес повторно ја барам вашата доверба“, рече Спасе Кочоски-кандидат за градоначалник на Вевчани.
Кандидатите за градоначалник на Ресен дадоа отчет за сработеното, а како еден од најголемите успеси го истакна раздолжувањето на општината.
„Да го продолжиме започнатото со уште повеќе сила и мудрост стекната од искуството, тимската работа верувам дека носи успех, а токму тимот покрај мене се луѓе кои застапуваат вистински вредности“, рече Јован Тозиевски-кандидат за градоначалник на Ресен.
Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина, уморна е од сојузите кои се на грбот на напатениот народ, уморна е од интригите на Венко, Али и Димче, рече Мицковски. Тоа е коалиција за пари. На Македонија и треба коалиција за работа и иднина. На овие избори одлучува народот, заедно продолжуваме со јасна визија и цврста решеност за подобра иднина, велат од ВМРО- ДПМНЕ, од каде ги повикаа гласачите да им дадат масовна поддршка.
Карванот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата под мотото „Вистинскиот избор“ денеска продолжува во Конче, Демир Капија, Неготино и Кавадарци.
Соња Рилковска
