Грција

Генерален штрајк во Грција, јавниот и приватниот сектор во целосен застој

01.10.2025 11:25

Грција денеска парализирана од генерален штрајк. Бродовите останаа закотвени во пристаништата, стопирани возовите и јавниот превоз...

Генерален штрајк во Грција, јавниот и приватниот сектор во целосен застој. Бродовите останаа закотвени во пристаништата, стопирани возовите и јавниот превоз. Исклучок е воздушниот сообраќај – штрајкот на контролорите на летање бил прогласен за незаконски од страна на судот.

Најголемите синдикати во државата бараат повлекување на новите законски измени за 13-часовно работно време и ограничување на правото на колективните преговор.