Локални избори 2025

Во Битола претставени кандидатите за советници на коалицијата „Искуство за успех“

01.10.2025 17:53

Под слоганот „Повеќе резултати, помалку изговори“, синоќа од Битола коалицијата „Искуство за успех“, ја започна својата кампања за локалните избори. Пред присутните беа промовирани дел од кандидатите за советници, кои ги претставија своите проекти кои се приоритет за општината…

Граѓаните заслужуваат достоинствен живот, Македонија има трета опција-рече претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, на промоцијата на кандидати за советници на коалицијата „Искуство за успех“ во Битола.

Имаме луѓе со искуство и знаење, но и решенија за почиста, зелена, функционална, културна и спортска Битола-истакна носителот на листата на коалицијата „Искуство за успех“, Димитар Кузмановски.

Кампањата ја започнаа од Битола под слоганот „Повеќе резултати, помалку изговори“, а на гласачкото ливче ќе настапат под број 1.

Александра Максимовска