Локални избори 2025

Кандидатите на Левица на средба со граѓани во метрополата

01.10.2025 17:28

Кандидатите за градоначалници на скопските општини од Левица имаа средба со граѓани во метрополата – ја побараа нивната доверба за да се справат со загадувањето, хигиената, превозот и урбанистичкиот хаос во Скопје...

Ќе го вратиме Скопје на скопјани. Ќе се справиме со загадувањето, хигиената, урбанистичкиот хаос и проблемите со јавниот превоз, истакнаа кандидатите за градоначалници од Левица на средбите со граѓаните.

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров смета, најитно мора да се справиме со дивите депонии во општината.

Најпрво за што ќе побарам доверба од граѓаните е чистотата во Аеродром, вели кандидатот за градоначалник од Левица.

Центар ќе го издигнеме на едно ниво кое нема да се занимава само со нивелирање шахти, вели кандидатката за градоначалник на Центар.

Кандидатите за градоначалници на скопските општини, ако бидат избрани ќе бидат против приватизација на јавни претпријатија, туку нивно подобрување.

Ирина Гелевска