Предизвици за онколошките пациентки
Секоја борба е лична и единствена, но е полесна кога ќе се сподели со некој што чекори по истиот пат. Ова е пораката од розовиот пикник-појадок за жените, болни од рак – пациентките проговорија за проблемите, испратена порака за важноста навреме да се препознаат симптомите и од превентивни прегледи за болеста да се открие во раната фаза...

70 проценти од рано дијагностицираните пациентки со рак на дојка, своите испитувања ги прават приватно. Причината е што многу долго се чека термин за биопсија и патологија, па пациентките се принудени да плаќаат од свој џеб. Ова го покажала анкетата на „Хема-Онко“ на 200 испитаници.
Потребна е рана превенција, бидејќи само така можат да се спасат повеќе животи.
Октомври е посветен на пациентите со рак на дојка.
Од Здружението „Хема-Онко“, велат дека е неопходно да има национален регистар, но и покрај тоа што земјава нема национален регистар бројката на пациенти со рак на дојка е поразителна годишно има околу 1.200 пациентки.
Ана Јосифоска
