Нова академска година: Некои студенти остануваат дома, други ги пакуваат куферите
За некои враќање во клупите, за бруцошите „огнено крштевање“ во новата средина. Почна новата академска година. Дел од студентите својата иднина ја гледаат дома, другите уште отсега бараат начин да ги спакуваат куферите.

Нова генерација од 5.000 студенти, за 300 повеќе од лани на УКИМ или 10.000 бруцоши вкупно ја почнаа новата академска година. Најголем интересот за Економскиот факултет, Медицинскиот факултет, Факултетот за компјутерско инженерство. Некои сакаат да останат дома, други уште отсега да ги спакуваат куферите.
Ќе има падови, ќе се прашувате дали вреди, но тоа ќе Ве изгради во посилни личности – им порача на студентите, минатогодишната победничка на Ораторската вечер, која ја отвори церемонијата.
Оваа година е година на целосна дигитализација на студентските сервиси-истакна ректорката, Биљана Ангелова.
Министерката Јаневска, пак, изрази надеж дека идните академски граѓани ќе останат во земјава и ќе учествуваат во градењето просперитетна држава.
21.340 остануваат слободни места.
Александра Велинова
