Мисајловски – Хелез: Безбедноста и стабилноста на регионот е апсолутен приоритет
Безбедносната ситуација во регионот е нарушена по руската инвазија во Украина и е потребна поголема соработка во одбраната, заклучиле министрите за одбрана на Македонија и БиХ, Мисајловски и Хелез на средбата во Скопје...

Безбедносната ситуација во регионот е нарушена по руската инвазија во Украина и е потребна поголема соработка во одбраната, заклучиле министрите за одбрана на Македонија и БиХ, Мисајловски и Хелез на средбата во Скопје.
Македонските војници во мисијата АЛТЕА ќе останат во БиХ сè додека е потребно за да придонесат за стабилноста на земјата.
Како членка на НАТО ќе помагаме за прием на БиХ во Алијансата, со обука на старешини во Воената академија и на полигонот Криволак.
Двете држави ќе соработуваат и во наменската воена индустрија.
