ЕВРОПА
Неформален самит на ЕУ во Копенхаген посветен на одбраната и Украина
01.10.2025 15:37
Европската одбранбена архитектура и поддршката за Украина во фокусот на вонредниот состанок во Копенхаген...

Европската одбранбена архитектура и поддршката за Украина во фокусот на вонредниот состанок во Копенхаген. Се подготвува стратегија за справување со руските закани по безбедноста на територијата на ЕУ по се зачестените нарушувања на воздушниот простор.
Лидерите ќе разговараат за финансирањето и брзата имплементација на европскиот „Ѕид против дронови“.
На состанокот учествува и претседателката Сиљановска-Давкова.
