Политика

Сиљановска-Давкова на состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген

02.10.2025 08:02

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со којашто ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на кралството Данска. Во Копенхаген учествува на седмиот состанок на Европската политичка заедница.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со којашто ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.

На состанокот во Копенхаген се поканети 47 шефови на држави и влади, во фокусот ќе биде војната во Украина и потребните чекори за посилна и побезбедна Европа во амбиент на конфликтна геополитичка ситуација.

На состанокот ќе се разговара и за потребата од преземање поголема одговорност за сопствената одбрана, како и зајакнување на индустриската и технолошката соработка.