Во Скопје Дигитален самит на Западен Балкан
Во фокусот три приоритетни области: дигитален паричник-безбеден и лесен пристап до јавни и приватни услуги, поврзување на системи и регистри за овозможување на регионални е-услуги и кибер-безбедност.
Скопје повторно домаќин на Дигиталниот самит на Западен Балкан. Целта е забрзување на дигиталната трансформација во регионот. Присуствуваат над 800 учесници, меѓу кои високи претставници на економиите од Западен Балкан, Европската комисија и Меѓународната телекомуникациска унија.
Во фокусот три приоритетни области: дигитален паричник-безбеден и лесен пристап до јавни и приватни услуги, поврзување на системи и регистри за овозможување на регионални е-услуги и кибер-безбедност.
Самитот има исклучително значење, затоа што ги продолжува напорите за натамошно намалување на роаминг трошоците, за нула трошоци за интернет за македонските и граѓаните од Западниот Балкан, кога патуваат во Европската унија.
Самитот за дигитализација на Западен Балкан е водечка регионална платформа за дигитална соработка, отпочната во април 2018-та, кога се одржа првиот состанок во Скопје.
Преносот во живо од Дигиталниот самит следете го на МРТ1 од 10 часот.
