Македонија

Почна грејната сезона

02.10.2025 09:59

Греењето официјално почнува на 15 октомври, но може и порано, доколку прогнозата за средна надворешна температура е еднаква или помала од 12 степени.

Поради пад на температурите, грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје почнува од денеска. Греењето официјално почнува на 15 октомври, но може и порано, доколку прогнозата за средна надворешна температура е еднаква или помала од 12 степени. Според УХМР за денеска се прогнозираат 10 степени.

Од ЕСМ апелираат до сите корисници да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи редовното одржување е нивна обврска и да се обезбеди непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација.