Израел ја пресретна хуманитарната флота за Газа
Светот чека одговор од Хамас на мировниот предлог на Трамп, а Израел предупредува дека милитантите мора да изберат меѓу лесен или потежок пат за решавање на конфликтот.

Израелските војници ја пресретнаа хуманитарната флота за Газа, апсејќи активисти, меѓу кои и Грета Тунберг. Турција и Хамас го осудија потегот како тероризам. Израел понуди мирен трансфер на помошта преку безбедни канали.
Светот чека одговор од Хамас на мировниот предлог на Трамп, а Израел предупредува дека милитантите мора да изберат меѓу лесен или потежок пат за решавање на конфликтот.
„Многу земји веќе ветија поддршка. Хамас сè уште не ја прифати. Одлуката е нивна, но тие треба да го знаат ова. Може да се направи на лесен начин, или може да се направи на потешкиот начин, но ќе се направи. Ако го отфрлат планот, Израел ќе ја заврши работата и ќе ги врати сите заложници дома“, изјави Дени Данон, постојан претставник на Израел во ОН.
Во Брисел, Берлин и Италија избувнаа протести, а за петок е најавен штрајк. Црвениот крст ја суспендираше работата во Газа додека Израел ги интензивира нападите по последното предупредување за евакуација.
