Во САД продолжува блокадата на владата
Белата куќа предупредува дека масовните отпуштања на федералните службеници се неизбежни и ќе се случат во наредните два дена, обвинувајќи за политички игри. Демократите, пак, инсистираат на гаранции за здравствена заштита – барање што беше клучно за неуспехот на буџетскиот договор.

Втор ден блокада на американската влада, обвинувањата меѓу демократите и републиканците продолжуваат. Белата куќа предупредува дека масовните отпуштања на федералните службеници се неизбежни и ќе се случат во наредните два дена, обвинувајќи за политички игри. Демократите, пак, инсистираат на гаранции за здравствена заштита – барање што беше клучно за неуспехот на буџетскиот договор.
„Ако се толку загрижени за ефектот што ова го има врз американскиот народ, а треба да бидат, она што треба да го направат е повторно да ја отворат владата, а не да се жалат како ние реагираме“, изјави Џ.Д. Венс, потпретседател на САД.
„Ние сме отворени за дијалог – но ни требаат разумни републиканци за искрен договор за повторно отворање на владата и донесување буџет кој реално ќе го подобри квалитетот на животот на народот и ќе се справи со здравствената криза што ни ја наметнаа републиканците“, рече Хаким Џефрис, лидер на демократите во Претставничкиот дом на САД.
В петок се очекува ново гласање за краткорочен буџет.
