Четврти ден кампања за Локалните избори 2025
Кандидатите за локалните избори денеска на четвртиот ден од кампањата ќе ги претстават своите програми на митинзи и средби со граѓани…
Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите на граѓаните.
Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Студеничани, Зелениково, Кисела Вода и во Аеродром.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска имаат собири во Кочани, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.
Вреди ја продолжува кампањата во Тетово, а Национална алијанса за интегритет преку средби со граѓани и прес-конференции ќе ја претставува својата програма. Со предизборниот карван продолжуваат и Левица и ЗНАМ. На терен и независните кандидати.
Изборната кампања, која почна во понеделникот, ќе трае до 17-ти октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19-ти октомври, додека вториот круг ќе се одржи на 2-ри ноември.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.
