Јанкулоска за истрагата за исчезнатите артефакти
Се уште не е пронајден ниту еден предмет од листата на исчезнатите артефакти од Музејот на Македонија. Министерката Јанкулоска вели дека секоја информација поврзана со овие предмети од непроценлива вредност се добредојдени, а со самото тоа и истрагата би добила нови димензии.

- За жал, досега немаме пронајдено предмети од оние што се на листата што недостигаат во Музејот. Меѓутоа, секоја информација што би можела да помогне и оди во прилог на откривање на овие предмети и нивно враќање во сопственост на државата е добредојдена. Сакам да упатам апел доколку некој има каква било информација за можната локација на некои од предметите да ја сподели со надлежните институции. Целокупната истрага има два сегмента: едниот е идентификација на одговорните лица и лоцирање на одговорноста за она што се случило и второ, откривање на предметите и враќање во сопственост на државата, - вели министерката Јанкулоска.
Неодамна, МВР поднесе извештај до Јавното обвинителство во кој бил направен пресек за сите сознанија и докази обезбедени во досегашната истрага. Во него има низа недоследности, прекршување на правилата за работење и злоупотреби на службената положба. Заклучно со финалниот извештај, бројката на исчезнатите артефакти се искачи на над 166. Можно е да недостигаат и повеќе. Првично полицијата утврди дека нема траги на провала. Сомнежите се насочени кон некој вработен однатре.
Автор: Наташа Гркова-Петрушевска