Не постои канонско правило кое ќе ја оправда одлуката на СПЦ

27.08.2014 17:19

Не постои ниту едно канонско правило кое ќе ја оправда одлуката на спрската црква, која под патронат на грчката, ќе го суди  Архиепископот на МПЦ - Охридска Архиепископија г.г. Стефан – ова е коментарот на теологот Коста Милков кој постапката на српските владици ја карактеризира како невалидна и во спротивност со црковните правила. Македонската црква е самостојна, вели тој.

„Ова во целост е само едно движење кое е сврсто пворзано од политички, етнички причини и нема никаква врска со канонските права. Не постои ништо што православната црква во Мкаеоднија, односно МПЦ - Охридска Архиепископија го прави спротивно на сите канони“, вели Коста Милков од Институт за вета и култура.

Според Милков, постапката на српските владици во најмала рака е дискутабилна бидејќи во 21 век наместо обединување, тие со Грчката црква прават делби- вели теологот Милков.

„Наместо да продолжуваме понатаму, политички да се расправаме по овие прашања, ние треба да се сетиме дека треба да се обединиме за да можеме уште повеќе да помогнеме и да бидеме вистинско сведоштво по прашањето на тоа што од нас с еочекува во Библијата“, вели Милков.

Портпаролот на македонскиот Синод веќе изјави дека одлуката нема значење за МПЦ-Охридска Архиепископија.

„Таа нема да има никакво влијание бидејќи Српската црква во 1959 година ја потпиша самостојноста на Македонската црква со укажување дека од тој момент за МПЦ не важи ниту еден акт кој ќе го донесат српските владици“, реле владиката Тимотеј.

Архиепископот г.г. Стефан е во посета на канадско американската епархија. Тој за Голема Богородица ќе богослужи во Њу Џерси.

Миле А. Ристевски