кабинет

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

02.10.2025 09:46

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур...

Дозволете ми, Вам, лично, и на сите припадници на Еврејската заедница од сè срце да Ви посакам најсветиот еврејски празник – Јом Кипур да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнети со радост и љубов.

Како празник на покајанието, искупувањето и помирувањето, Јом Кипур е живо сведоштво за еврејскиот светоглед и духовност којашто ја облагородува и нашата заедничка татковина.

Верувам дека празнувањето на Јом Кипур е уште една убава можност да ја покажеме сплотеноста и силата на вековното меѓусебно почитување и уважување без разлика на верската или етничката припадност.

Заедно, посветено и бескомпромисно да продолжиме да ја градиме македонската република како демократска и просперитетна држава и да обезбедиме благосостојба на сите наши граѓани.

G’mar chatima tova-се вели во честитката упатена од претседателката Сиљановска-Давкова.