УХМР
Утрово најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште
02.10.2025 10:06
Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен...

Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија и 10 степени во Струмица.
До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и Битола, 14 во Штип, 13 во Скопје – Петровец и Тетово, 8 во Демир Капија и Крива Паланка, 7 во Берово, и Претор, 5 во Виница, како и 3 во Струмица.
