Кривичен суд

Судење за поранешниот директор на Шутка

02.10.2025 12:39

Поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол тврди дека е невин. Против него и уште неколку вработени во затворот е поднесено обвинение, бидејќи овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби. Обвинителството уверено дека ќе докаже вина...

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, тврдат дека имаат обезбедено докази во случајот против поранешниот директор на Истражниот затвор – Скопје, Филип Андов – Сокол и поранешни надзорници и затворски полицајци. Оттаму велат дека првообвинетиот директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолженото кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување,

Обвинетиот Андов се изјасни за невин по обвинението и рече дека како директор имал дискреционо право со наредба да изврши спровод на осуденици, онаму каде што од него е тоа побарано. И неговиот бранител рече дека нема кривично дело.

Според обвинението, обвинетите од март до јули 2024 со умисла направиле повредена на законот, бидејќи на петмина осуденици им дозволиле да бидат спроведени до своите домови и до други локации за приватни потреби. Истрагата беше отворена против десетмина, за двајца постапката е запрена поради немање докази.

 

Игор Панов