Муртезани - Странд: Македонија и Финска со заедничка визија за проширувањето
Двајцата министри разговараа за европската перспектива на Северна Македонија, завршувањето на скрининг процесот и подготвеноста за отворање на првиот кластер „Фундаментални вредности“. Муртезани ја истакна важноста на предвидливиот пристап на ЕУ и улогата на земјата како кредибилен партнер во регионалната стабилност.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Скопје беше домаќин на финскиот колега Јоаким Странд, во рамки на неговата работна посета на регионот.
Двајцата министри разговараа за европската перспектива на Северна Македонија, завршувањето на скрининг процесот и подготвеноста за отворање на првиот кластер „Фундаментални вредности“. Муртезани ја истакна важноста на предвидливиот пристап на ЕУ и улогата на земјата како кредибилен партнер во регионалната стабилност.
Странд оцени дека Северна Македонија со реформите во владеењето на правото и демократијата покажува сериозна посветеност кон европските стандарди. Тој нагласи дека Финска останува цврст поддржувач на проширувањето и ја истакна геополитичката важност на интеграцијата на Западен Балкан.
На средбата беше потенцирано досегашното партнерство преку седум Twinning проекти, како и можностите за нови соработки во јавната администрација, дигиталната трансформација и медиумските реформи.
Муртезани и Странд порачаа дека проширувањето е заедничка стратегиска политика што носи стабилност, безбедност и економски развој за целиот европски континент.
