Мицкоски: Целта е да станеме центар на дигитални иновации во регионот
Скопје повторно домаќин на Дигиталниот самит на Западен Балкан. Целта е забрзување на дигиталната трансформација во регионот. Присуствуваат над 800 учесници, меѓу кои високи претставници на економиите од Западен Балкан, Европската комисија и Меѓународната телекомуникациска унија…

Целта е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, порача премиерот Мицкоски во обраќањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан што се одржува во Скопје.
Присуствуваат над 800 учесници, меѓу кои високи претставници на економиите од Западен Балкан, Европската комисија и Меѓународната телекомуникациска унија.
Целта е забрзување на дигиталната трансформација во регионот. Во фокусот три приоритетни области: дигитален паричник-безбеден и лесен пристап до јавни и приватни услуги, поврзување на системи и регистри за овозможување на регионални е-услуги и кибер-безбедност.
Известува Александра Велинова
