Локални избори 2025

Чистотата на Чаир меѓу приоритетите на Османи

02.10.2025 17:42

После неколку децении чаирските сокаци да бидат исчистени за да им се обезбеди на жителите заштита на здравјето, ова е еден од приоритетите на кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи. Тој посочи дека ќе спроведува акции заедно со жителите на Чаир но и дека ќе формира општинско комунално претпријатие...

Сокаци и булевари, чисти и одржувани како што доликува на општина која води грижа за здравјето на граѓаните, не само како човек, туку и како лекар им ветува кандидатот за градоначалник на Чаир од Национална алијанса за интеграција, Бујар Османи. Тој посочува дека со децении прашината од чаирските улици не е испрана ниту пак е изметена и вели дека доколку ја добие довербата на чаирчани ќе формира општинско комунално претпријатие за оваа цел.

Османи додаде дека ќе ги повика и верските заедници да се придружат на овие акции за да се обезбеди чистотата за што ќе ја добијат неговата потполна поддршка.

 

Фиљана Кока