Мицкоски: Целта е Македонија да биде дигитален центар во регионот
Дигитална трансформација на државава – целосен дигитален идентитет за граѓаните – најави премиерот Мицкоски во обраќањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје. Презентирана апликацијата М-услуги. Целта е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, порача претседателот на Владата. На самитот присуствуваа над 800-ни учесници – високи претставници на економиите од Западен Балкан, Европската комисија и Меѓународната телекомуникациска унија.

Полесен и побрз пристап до јавни и приватни услуги, вмрежување на системи и прекугранични електронски услуги, заштита на личните податоци и критичната инфраструктура, се клучните теми на кои се разговараше на Самитот за дигитална трансформација на земјите од Западен Балкан во Скопје.
Целта е Македонија да биде дигитален центар во регионот, порача претседателот на владата, Мицкоски.
Една од придобивките на дигитализацијата во земјава е апликацијата М-услуги – електронска лична карта која ја гарантира безбедноста на податоците.
Кога стануваме зависни од дигитализацијата неопходно е безбедно да се користи – порака од учесниците.
Дигитална неписменост, ризик од кибернапади, отпор на некои институции и компании, нецелосно развиена инфраструктура во руралните средини се предизвиците на патот кон дигитализација.
Целта е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, порача премиерот Мицкоски во обраќањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан што се одржува во Скопје.
Присуствуваат над 800 учесници, меѓу кои високи претставници на економиите од Западен Балкан, Европската комисија и Меѓународната телекомуникациска унија.
Александра Велинова
